Градоначалникот на Скопје Петре Шилего распиша нов тендер за Зиплан откако првиот обид пропадна. Иако за овој проект имаше многу коментари и потсмев за социјалните мрежи дека нема никогаш да се реализира, првиот човек е решен да го истурка до крај. Жицницата ќе тргнува од Кале па преку Вардар ќе завршува кај стадионот.

Заинтересираните кандидати за јавниот повик, своите понуди треба да ги достават, најдоцна до 8 јули 2019 година, во 13 часот, кога и ќе се спроведе нивно јавно отворање.