Истражувањето што меѓу 1000 жени го спроведе „Принстон“, корпорацијата за испитување на јавното мислење во Њу Џерси покажа дека голем процент од жените сакаат мажот да биде верен, самоуверен, добар слушач, да има смисла за хумор, но и добар стил.
Само 13 отсто од жените признале дека мускулите се важни за физичката привлечност, а пак, 66 отсто изјавиле дека за нив најпривлечен е моралниот интегритет на мажот, објави интернет страницата „БестЛајфОнлајн.ком“, наведувајќи 20 особини, кои ги чинат мажите привлечни, подредени од најважна до најмалку важна…
Карактерни особини: Верност, самоувереност, љубезност, морален интегритет, „татковство” (што е дефинирано со зборовите трпеливост, грижа и желба за деца).
Личност: Смисла за хумор, стабилност, интелигенција, страст, великодушност.
Практични вештини: Добар слушач, романтичност, да е добар в кревет, во кујна, како и во заработувањето.
Физички особини: Смисла за стил, да е згоден, да има мускули, па висината и на крај – добрата форма
Comments are closed for this post.