Прашањата за Никола Груевски, доминираа денес на заедничката прес-конференција меѓу унгарскиот шеф на дипломатијата, Петер Сијарто и вицепремиерот Бујар Османи.
На прашањето зошто унгарското МНР соработува со Груевски и дали е можно тој да шпионира Унгарија, Сијарто рече дека „неговото присуство е прашање од правна природа“.
„Ве уверувам во нашата целосна поддршка на вашиот пат кон ЕУ. Ние сме ваш гласен поддржувач и јавно и зад затворени врати. Присуството на Груевски во Унгарија нема никаква важност во поглед на ова прашање“, одговори Сијарто.
И Османи рече дека станува збор за правно прашање кое Скопје не дозволило тоа да ги оптовари меѓусебните односи“.
„Мојата улога е да обезбедам консензуална поддршка за ЕУ“, истакна Османи додавајќи дека вакви прашања нема да ги нарушат добрите меѓусебни односи.
Сијарто одговарајќи на прашањето зошто се среќавал со Груевски, рече дека „Западен Балкан е во фокусот на нашата надворешна политика“
„Некој што бил премиер во овој регион десет години претпоставувам има добро сознание и разбирање за регионот. Не сум овластен да објавам за содржината на разговорите, но можам да ви кажам дека и господин Груевски многу се залага за вашето пристапување во ЕУ“, рече Сијарто.
Comments are closed for this post.