Скандалот со градоначалникот пулен на Заев добива огромни димензии. Тој не само што бесправно лишел од слобода граѓанин во својот кабинет и притоа го измачувал, тепал и навредувал, туку и пријавата за ваквото негово однесување мистериозно се претворила во обична поплака за која МВР не е должно да постапи. Ова веќе директно го вмешува и самиот министер за внатрешни работи Оливер Спасовски, за кого пак скандалите секој ден се повеќе се редат, велат од ВМРО-ДПМНЕ.
Според Димитар Димовски член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ, Заев го штити, Спасовски го пази, а Курто Дудуш си тепа граѓани.
Затоа премиерот Заев молчи, а Спасовски купува време. Практично зомби системот каде криминалот и корупцијата се во најдобра спрега го штитат градоначалникот пулен на Заев. Според информациите кои излегоа во медиумите лицето кое било тепано и измачувано во градоначалничкиот кабинет пријавило во полициска станица Чаир на 01.05.2019 година, за еден ден потоа, веројатно под притисок, оваа пријава да се претвори во обична поплака.“, вели Димовски.
Тој појаснува дека поплаката е помала и поблага форма на акт со кој полицијата е само информирана.
Од снимката која ја емитуваа медиумите јасно се слуша дека Курто Дудуш, додека го тепа и измачува лицето во својот кабинет му кажува дека е близок со министерот Оливер Спасовски, дека комуницира со него лично и дека секој оној којшто му се спротивставува или го тепа или му прави да има проблеми со полицијата. Ете го одговорот како се заташкал целиот овој скандал и во кој очигледно имаат вмешано прсти високи полициски функционери ако не и самиот Оливер Спасовски“, рече Димовски.
Тој рече дека полицијата и Спасовски стануваат соучесници во изживување, тепање и навредување на граѓани во функционерски кабинети.
Comments are closed for this post.