Не успеа ни вториот обид на косовското собрание за свикување седница на којашто ќе се расправа за односите со Србија. Претседателот на собранието, Кадри Весели, ја откажа седницата за расправа за дијалогот со Србија, првично свикана по барање на опозицијата, поради немање кворум, само ден откако поради истата причина беше прекината и другата вонредна седница превидена за избор на владин тим за преговорите со Србија во Брисел. Таа седница беше свикана на барање на премиерот Рамуш Харадинај.
Двете вонредни седници доживеаја неуспех, поради тоа што опозицијата ја бојкотира седницата што беше свикана на барање на Владата, и обратно, владејачките партии ја бојкотираа опозицијата. На вчера почнатата седница, на барање на опозицијата требаше да се изгласа резолуција со која ќе му се забрани на претседателот на државата Хашим Тачи и на било кој друг да преговара за територијата на Косово.
Тачи утре ќе отпатува во Брисел на средба со неговиот српски колега Александар Вучиќ, на преговори за изнаоѓање конечно решение за споровите меѓу двете земји.
Comments are closed for this post.