71 кутре од расата Бигл се пронајдени и спасени од приградска куќа во Алемтаун, Пенсилванија, каде што биле чувани во ужасни услови. Кучињата, од кои многу се наоѓаат во лоша состојба, се префрлени во центар за згрижување на повредени и напуштени животни. Таму ќе добијат нега и дури кога целосно ќе оздрават и ќе се опорават ќе бидат дадени за посвојување.
Како што изјави Мери Шафер, извршната директорка на друштвото за хуман третман, кучињата оригинално и припаѓале на сопругата на сопственикот на куќата. Жената, којашто починала во септември, ги одгледувала и ги продавала кутрињата без да има лиценца за тоа. Во куќата, таа држела и засолниште за биглови.
Против сопственикот на куќата каде што биле чувани кучињата ќе бидат покренато обвинение за лоша грижа за животни.
Состојбата излегла од контрола. Сопственикот не ни знаеше колку точно кучиња има во кафезите“ – изјави Барбара Морган, припадничка на полициските сили за хуман третман на животни.
Comments are closed for this post.