Времето денеска во претпладневните часови ќе биде сончево, а понекаде со умерена облачност.

Во пладневните часови, особено на североистокот на земјава, ќе се развие нестабилност со повремен пороен дожд, грмежи и услови за појава на град.

Ќе дува југозападен ветер кој особено во западните делови и на повисоко ќе засилува.

Минималните температури ќе се движат од 13 до 20, а максималните од 25 до 35 Целзиусови степени. УВ индексот ќе има вредност 9.