При еден од бројните собири на Жолтите елеци во Сен-Аволд, во источна Франција“ едно лице е повредено од автомобил откако возачот се обидел да ја помине барикадата поставена од демонстрантите.
Повредениот е пренесен во болница, додека возачот е приведен.
По првите масовни манифестации и блокади кои почнаа на 17 ноември 2018 година, секоја сабота во Франција протестираат приврзаниците на движењето Жолти елеци. По слабата мобилизација изминативе неколку саботи, организаторите најавија враќање на стариот метод – блокадите.
На повеќе места во Франција има блокади најчесто на пристапите до трговските зони или на автопатиштата и значајните патни правци. Така во Сан Мало, повеќе стотици автомобили кои требаше да патуваат со ферибот за Велика Британија се блокирани на влезот од пристаништето.
Инаку, од почетокот на демонстрациите на Жолтите елеци загинаа 11 луѓе, а повредени се повеќе стотици лица како кај демонстрантите, така и кај силите на редот.
Comments are closed for this post.