Првата дама на Франција, Брижит Макрон, изјави дека таа била преплашена од изборот на нејзиниот сопруг за претседател на државата и истакна дека, за разлика од него, нема политички амбиции.
Како што пренесува агенцијата АП, во необично интимен разговор за француското радио RTL во четвртокот навечер, таа ја опишала и сложеноста на нејзината врска со маж кој е 24 години помлад, додавајќи дека сепак не се идеална двојка.
Брижит признала дека францускиот претседател, нејзиниот сопруг, погрешил, особено кога навредил невработени лица и поради тоа што не успеал да го дисциплинира советникот за безбедност кој тепаше демонстранти, што, како што рече таа, бил погрешен чекор кој се претворил во политички скандал.
Првата дама исто така изразила сочувство со протестите на „жолтите елеци“ за кои таа смета дека ги водат луѓе кои се борат да поврзат крај со крај и се лути поради политиката на Макрон за поддршка на големиот капитал.
На крајот од интервјуто за француското радио, Брижит подвлека дека за разлика од нејзиниот сопруг, таа нема никакви политички амбиции.
Comments are closed for this post.