Хрватскиот ракометен репрезентативец, Лука Циндриќ, преминува од полски Кјелце во Барселона. Хрватот потпиша четиригодишен договор за каталонскиот клуб, а шпанските медиуми го највуваат како замена за легендата на шпанскиот ракомет, Раул Ентрериос.
Циндриќ имаше уште две години договор со Кјелце, поради што Барселона мораше да плати нешто повеќе од еден милион евра за да може да го доведе во своите редови.
Циндриќ (25) се појави на ракометната сцена како играч на Металург, а стекна слава како член на Вардар, со кој во 2017 ја освои и Лигата на шампионите.
На неговото место во редовите на Кјелце, доаѓа уште еден Хрват кој се прослави во дресот на Вардар, Игор Карачиќ. Тој во јуни беше прогласен за најдобар ракометар на Фајнл фор турнирот во Келн на кој македонскиот шампион ја освои втората европска титула.
Comments are closed for this post.