Со гала оперски концерт на Македонската опера и балет на плоштадот „Мајка Тереза“ со почеток во 21:30 часот вечерва официјално ќе биде отворено јубилејното 40-то „Скопско лето“.
Годинава на програмата најмногу ќе може да се проследат концерти, како и ликовни изложби, претстави, мултимедијални проекти, филмска програма, традиционалното кафе кино, а ќе има програма и за најмладите.
„Скопско лето 2019“ ќе се одржува до 31 јули на повеќе локации, а како вистински куриозитет се најавува концертот на Ансамблот „Танец“, кој одбележува 70 години од своето постоење. Концертот насловен „70 лета“ ќе се одржи на плоштадот „Карпошово востание“.
Организаторите апелираат да се следат социјалните мрежи, каде дополнително ќе бидат објавувани информации за сите настани и известувања доколку дојде до промена на локациите. Се подготвува и брошура во која ќе има текстови од учесници на „Скопско лето“, збогатена со фотографии.
Comments are closed for this post.