Министерот за надворешни работи Никола Димитров вчера во емисијата Топ тема на Телма, во врска со Договорот со Бугарија и работата на Мешовитата македонско-бугарска експертска комисија, која успеа да најде заеднички јазик за праиисторијата, антиката, па и за средниот век, но се уште не и за ликот и делото на Гоце Делчев, вели дека ваквите прашања треба да се решаваат со многу мудар пристап.
Нагласува има разлика во очекувањата на двете страни во Комисијата. Појаснува дека Софија сака побрзо да се усогласат спорните делови од историјата, „а наша задача е да им создадеме на историчарите услови, во кои ќе можат да донесат вистински решенија засновани на факти, но и меѓусебно почитување“.
На прашањето дали изјавите дека Гоце Делчев е Бугарин остава простор за ваков пристап, Димитров нагласи дека во Софија му било поставено обратното прашање.
Јас не сум историчар, а тука станува збор за еден од нашите најголеми херои, длабоко втелемен во нашата државност, кој дејствувал и кога не сме имале своја држава, рече шефот на дипломатијата и додаде дека идентитетско-културните прашања треба да бидат предмет на историчари и антрополози, кои ќе ги имаат предвид двете перспективи.
Comments are closed for this post.