Италијанскиот клуб Милан вечерва официјално потврди кој ќе биде наследник на Џенаро Гатузо.
Нов тренер на „росонерите“ е Марко Џампаоло, кој претходната сезона ја водеше Сампдорија. Тој потпиша договор со клубот од Милано за две години, со можност за продолжување на соработката за уште една година.
Џампаоло, кој ќе биде 60-тиот тренер во историјата на Милан, а осмиот откако Макс Алегри го напушти клубот во јануари 2014 година, ќе заработува два милиони евра годишно на „Сан Сиро“, објавија медиумите во Италија.
51-годишниот стратег, пред Милан и Сампдорија, предводеше голем број италијански клубови, меѓу кои и Каљари, Сиена, Емполи, Катанија
Comments are closed for this post.