Високaтa претставничка на ЕУ за надворешни работи и безбедност, Федерика Могерини, во Вашингтон зборуваше со американскиот државен секретар, Мајкл Помпео, за серија меѓународни и регионални прашања, вклучувајќи го и Западен Балкан.
Во кратко соопштение објавено на веб-страницата на Стејт департментот, Могерини и Помпео рекоа дека разговарале за односите САД и ЕУ, како и за други прашања од заеднички интерес и предизвици со кои се соочуваат САД и Унијата.
Тие прашања ги вклучуваат европската безбедност и одбрана, Авганистан, Куба, Иран, Либија, Молдавија, Западен Балкан, Русија, Украина и Венецуела. Во соопштението се нагласува дека Могерини и Помпео потврдиле силно стратешко трансатлантско партнерство и дека разговарале за клучните области на билатералната соработка како и за низа важни меѓународни и регионални случувања меѓу кои и Западен Балкан.
Comments are closed for this post.