Новинарот на кој Рама му се закани со тужба му одговори дека премиерот се уште не слушнал за независно судство“, па затоа бара истрага од обвинителството.
Бидејќ Рама е во Лондон го советува да научи таму што значи независно обвинителство и функционални судови.
-Бидејќи шефот на албанската влада се уште не слушнал за независно правосудство сега бара обвинителот да истражува. Бидејќи Рама сега е во Лондон, мора да добие лекција за тоа што се независни обвинители и вистински, функционални судови,напиша Тиде.
Првот напис под наслов „Како мафијата манипулира со изборите во Албанија“, весникот „Билд“ го објави во почетокот на месецов, кога пренесе снимки од разговори направени од албанските истражни органи, каде се слуша кои мафијашки кланови ги купиле гласовите за партијата на премиерот Еди Рама.
Во шесте разговори главен е мафијашот Астрит Авдулај, кој разговара со градоначалникот на пристанишниот град Драч и директорот на „Водовод“да се обезбедат гласови со закани и купување. Денеска објави 16 снимени разговори за градот Пешкопеја,при што се слуша и гласот на премиерот Рама
Comments are closed for this post.