Низ процесот на промени, како партија докажавме дека сме свесни за одговорноста дадена од граѓаните и затоа кадровските промени во СДСМ не треба да се гледаат како замена за кадровските промени на државните позиции, истакна заменик претседателката Радмила Шекеринска во вечерашното гостување во емисијата Топ тема
Ветивме промени и во партијата и на државните позиции, но водевме сметка за државните интереси и периодот во кој се наоѓавме а беше тесно поврзан со евроинтегратицните процеси. Не сакаме заради домашна политика да загрозиме некој од државните интереси. Најавивме реконструкција и таа ќе се случи. Очекувам дека до петок, предлогот за реконструкција да биде доставен во Собарнието, порача Шекеринска.
Comments are closed for this post.