Откако неодамна на светот му објави дека дошло до прекин на врската меѓу него и неговата девојка Ирина Шајк, глумецот Бредли Купер е виден како со ќеркичката Леа поминуваат квалитетно време за Денот на татковците.

Додека прекрасната Ирина, мајка на малата Леа е во Италија каде работи како модел на неделата на мода во Милано, Бредли се погрижи за нивното единствено дете да биде на сигурно, па фотографите го снимија како Леа нежно ја држи во прегратка и ја внесува во неговиот приватен авион.

За Денот на татковците Бредли поминува квалитентно време со Леа (2), а наводно таткото и неговата галеница заминале на патување за да уживаат заедно.

Ова е прво јавно појавување на Бредли со Леа откако претходно, на почетокот на месецот, беше објавено дека глумецот и манекенката по четири години заедно ја прекинуваат врската. По неколку месеци шпекулации за аферата на Бредли со пејачката Лејди Гага, дојде и конечен прекин на врската со Ирина која веднаш заминала за Италија.

 

View this post on Instagram

 

What do you think about their red carpet look? 😍🔥 #BradleyCooper #IrinaShayk #TheOscars 🏆

A post shared by Bradley Cooper (@bradleycooper__original) on

Главната причина за нивниот прекин, наводно било тоа што Ирина мислела дека Бредли и покрај тоа што имаат дете не е доволно посветен, ниту дека чувствува обврска да ја ожени – што и сметало. А некое време единствено поради Леа и понатаму биле заедно, што на крајот испадна неодржливо и врската се распадна.