Авион од типот Боинг 737-700, на авиокомпанијата ALK Airlines регистрирана во Бугарија, влегол во силна турболенција, а како последица од тоа 10 патници се повредени.

Авионот со регистрација LZ-MVK, со 121 патник, полетал од аеродромот во Приштина и летал за Швајцарија. Инцидентот се случил над Северен Тирол додека авионот се обидувал да ја заобиколи воздушната бура на само 30 минути пред слетувањето на аеродромот во Базел, пишува The Aviation Herald.

Патници раскужуваат дека од силните потреси при турболенциите неколку седишта излегле од своите лежишта. За јачината на потресите говори и клип поставен на You Tube.

На крајот, авионот успешно слетал во Базел, по што повредените патници биле пренесени во болница. Само два часа подоцна Боингот полетал во обратен правец.