Партијата на Зелените во Германија и натаму го зголемува рејтингот и има јасна предност пред ЦДУ/СЦУ, покажува најновата анкета во која некогаш најмоќната партија СПД (социјалдемократите) паднаа дури на четвртото место.

Тренд барометарот направена за РТЛ и н-тв покажуваат дека доколку сега би имало избори во Германија за Зелените би гласале 27 проценти, што е за три проценти повеќе од второпласираната ЦДУ/ЦСУ (23 проценти), трета е ултрадесничарската Алтернатива за Германија (АфД) со рејтинг од 13 проценти, СПД има 11, либералите (ФДП) се враќаат на сцена со 9 проценти и Левицата има 8.

Индикативно е што и новата лидерка на ЦДУ, која дојде на местото на Ангела Меркел, Анегрет Крамп-Каренбауер која е зад лидерот на Зелените, Руберт Хубек.

Но, анкетата дава и нова димензија на рејтингот на традиционалната конзервативна ЦДУ кога се во прашање младите. Така, во анкетата направена меѓу студентската популација Зелените добиваат поддршка од 51 процент, додека ЦДУ само 10, а СПД е на петто место со 8 проценти.

За тоа колку се паднати социјалдемократите говорат бројките – СПД со овој сегашен рејтинг би имала 5,6 милиони гласачи, додека на изборите во 2017 година за нив гласале 9,5 милиони Германци, а во 1998 дури 20,2 милиони.