Претседателот на Венецуела, Николас Мадуро, му подари на Роџер Вотерс, еден од основачите на легендарната група Пинк флојд, во знак на поддршката што тој ја дава на неговата земја.

Конкретно Мадуро му ја подари гитарата на Вотерс кој ги критикуше санкциите на САД спрема Венецуела.


Мадуро се појавува на едно видео кое беше емитувано и на националната ТВ на Денот на рокот, и на него се гледа како „ел пресиденте“ со насмевка ја потпишува гитарата која потоа му ја испратил на Вотерс. Тој му се заблагодарува на музичарот за„разбирањето и солидарноста и поддршката за народот на Венецуела кој е соочен со американска империјалистичка блокада“

Не се чекаше долго на одговорот – Роџер Вотерс преку видео испрати порака во која наведува дека е „воодушевен“ од подарокот на Мадуро.

Ние ќе продолжиме со големата поддршка на отпорот на народот на Венецуела против намерите на Империјата да го уништат…ние сме на ваша страна и ќе останеме“, вели тој.