Повеќе десетици луѓе починале од високите температури во изминатите 24 часа во индиската држава Бихар, соопштија официјалните власти.
Официјалниот претставник Виџај Кумур изјавил дека 49 лица починале во три области во регионот Магад, каде температурата на воздухот во изминатите неколку дена достигнувала и од 45 степени Целзиусови.
Кумур истакнал дека поради топлотниот бран околу 40 лица биле пренесени во болниците во Аурангабуда.
Повеќе од жртвите на топлотниот бран се постари од 50 години и биле пренесени во болниците по полусвесна состојба со симптоми на висока температура, дијареја …
Во изминатите две недели северот на Индија е под влијание на бран на високи температури . Температурата на воздухот во државата Раџастан биле и поголема од 50 степени Целзиусови.
Comments are closed for this post.