Претседателот на Владата, Зоран Заев денеска во областа Вахау се сретна со еврокомесарот за проширување и добрососедска политика, Јоханес Хан.
На средбата, која што поминала во исклучително позитивна атмосфера, уште еднаш била потврдена заложбата годинава да добиеме датум за почеток на преговорите со Европската Унија.
„Премиерот Заев истакна дека тоа за нашата земја е многу важно, бидејќи ќе биде дополнителна мотивација државата да продолжи со спроведување на реформите во сите области, со забрзано темпо. Добивањето датум за граѓаните ќе биде потврда дека се што направивме во изминативе две години вредело“, истакнал Заев, соопштуваат од владата.
Comments are closed for this post.