Полицијата на Босна и Херцеговина заплени речиси еден тон марихуана, на црниот пазар вредна колу еден милион евра. Пет Црногорци се уапсени во акцијата на полицијата изведена во околината на Сараево, што резултира со најголемата заплена на наркотици во земјата.
Дрогата е откриена кога припадниците на Државната агенција за истрага и заштита и на полоицијата на Република Српска, запреле два камиона и еден автомобил со црногорски регистерски таблички во местото Крупац, на патот од Сараево кон Источна Босна.
Петтемина црногорски државјани се уапсени под обвинение дека криумчареле дрога.
Comments are closed for this post.