Астон мартин ДБ5, кој го возеше Шон Конери во филмовите за Џејмс Бонд, „Голдфингер“ и „Операција гром“, ќе биде понуден за продажба на аукција.
Произведен е во 1964 година и се продава со сите додатоци, како митралез, непробојни стакла, седише за катапултирање, ротирачки регистарски таблички, уред за следење.
Претходно луксузниот автомобил Астон Мартин од филмот „Спектра“ со Џејмс Бонд, продаден е на аукција на британската куќа Кристи за околу 3,1 милион евра. Станува збор за Астон Мартин DB10, кој носи потпис на актерот Даниел Крег, а почетната цена била 1,3 милиони евра.
Comments are closed for this post.