Апелацискиот суд во Скопје ја укина ослободителната пресуда за Здравко Савески и Владимир Куновски, и двајцата учесници во Шарената револуција, пишува во решението на второстепениот суд. Како причина за укинувањето на ослободителната пресуда е тоа што судот не дозволил да биде сослушано лице, сведок, како овластен претставник од Канцеларијата на Ѓорѓе Иванов.
Во решението се наведува дека првостепениот суд не дозволил по предлог на обинителството да биде сослушана во својство на сведок лицето С.С за да одговори на поставените прашања под образложение ека присутниот сведок од Канцеларијата на Иванов навел дека не може да се произнесе за висината на штетата за оштетениот имот, иако бил повикуван од самиот почеток на постапката, односно две и пол години и бил должен со доаѓањето на судот да биде спремен да одговори на поставените прашања односно да има докази и да го знае износот на штетата.
Одлуката на Апелација професорот и активист Здравко Савески на својот фејсбук профил напиша дека „испогазено е сè поврзано со Шарената и дека тоа му е „наградата“ за тоа што не им слугува на СДСМ-ДПМНЕ-ДУИ“.
По цели шест месеци, на само неколку денови од крајниот законски рок, апелација одлучи – малку било влечкањето по судови веќе три години, уште требало! Толку „сложен“ бил предметот што не можеле да пресудат во рок од еден, два или три месеци. Мораше шест месеци да ја тегнат работата.
И после, сме имале демократија за разлика од претходно? И тогаш кој проговори критички, го потиснуваа и казнуваа. Истото продолжи и сега. И се’ додека се малку луѓето што се подготвени да се спротивстават, ваква ќе биде наградата за спротивставувањето“, напиша Савески на фејсбук.
Според обвинението на Савески и Куновски им се става на товар дека на 13.04.2016 година околу 20.30 часот пред народната канцеларија на претседателот на државата учествувале во толпа од поголема група граѓани која што толпа со заедничко дејствување оштетила имот при што е причинета штета во износ од 522.080 денари.
Comments are closed for this post.