Од сабота ќе започне наплата на патарина и на ново отворената делница низ Грделичката клисура, на автоапатот Е-75 од Дољевац до Прешево кон Северна Македонија, соопштија од Јавното претпријатие „Патишта на Србија“.
Патарината за патнички возила ќе изнесува 540 динари или околу 4,5 евра. Патарината, ќе почне со работа в сабота на 15 јуни, во 12 часот, а за автобуси ќе изнесува 1.620 динари и за камиони 3.240 динари.
Како што пред десет дена најави директорот на „Патиштата на Србија“ Зоран Дробњак, српската Влада го прифатила барањето за зголемување на цените на патарината за автопатиштата низ Србија за 12 отсто, а новите цени ќе стапат во сила од 1 јули.
Според ова, возачите од Македонија кои патуваат од Прешево до Белград со автомобил, од 1 јули со новата патарина низ Грделичка клисура од 540 динари и со покачување на цените од 12 отсто, ќе плаќаат во еден правец 1.740 динари или речиси 15 евра.
Comments are closed for this post.