По објавувањето на пресудата од страна на петчлениот судечки совет со кој претседава судијката Добрила Кацарска, специјалната обвинителка Фатиме Фетаи побара мерка претпазливост за екс министерката Гордана Јанкуловска, откако судот ја осуди на шест години затворска казна за злоупотреба на службената положба во случајот со набавката на мерцедесот.

Со ова како што појасни Фетаи на Јанкуловска би и се забранило да го напушти живеалиштето , односно да не смее да го напушти Скопје.

Фетаи рече дека според висината на казната има основа СЈО да бара и мерка притвор, но со оглед на семејната ситуација, односно фактот што има бебе кое не е виновно за постапките на родителот, побара судот да ѝ изрече на Јанкулоска забрана за напуштање на живеалиште, односно престојувалиште.

Одбраната на Јанкулоска кажа дека предлогот на СЈО за дополнителни мерки на претпазливост е неоснован и нема причини судот да прифати уште една мерка, бидејќи нема опасност од бегство.

Судечкиот совет се очекува да донесе одлука.