Освоената НБА титула на Торонто е веќе историја и кошаркарите на канадскиот тим сосема заслужено може да слават, но во голема мера за таквиот успех им помогна и големиот број повреди во редовите на Голден Стејт.
Најзначајното отсуство беше тоа на Кевин Дурант, кој поради повреда на зглобот ги пропушти првите четири натпрева, за да заигра во петтиот, кога по само дванесет минути ја повреди ахиоловата тетива, што значеше и завршување на сезоната. Сепак, моментот, кој можеби и го реши финалето беше повредата на Клеј Томсон во последниот, одлучувачки натпревар.
Томсон, кој поради повреда веќе го пропушти третиот натпревар од финалната серија со Торонто, што за него беше прв прошпуштен плјеоф дуел во кариерата, незгодно се приземји при еден обид за забивање, што предизвика вистински шок и молк во „Оракл“ арената во Оукленд.
Klay goes down with an apparent leg injury, and all of Oracle holds its collective breath. pic.twitter.com/QGqNxvgYhY
— ESPN (@espn) June 14, 2019
Таа повреда беше огромен удар за навивачите, но и за за кошаркарите на Голден Стејт, коишто во тие моменти гледаа како полека ги губат и последните надежи дека ќе успеат да се вратат во финалната серија и дека ќе можат да ја одбранат титулата.
Stephen Curry’s reaction to Klay Thompson’s injury: pic.twitter.com/w27oMHJXdC
— KNBR (@KNBR) June 14, 2019
Тогаш во салата почна да се одвива вистинска драма. Додека Томсон во болка го напушташе теренот, служајќи ги навивачите како го бодрат него и неговите соиграчи, тој одлучи да се врати на паркетот и да ги изведе двете слободни фрлања. Беше успешен во тоа, постигнувајќи ги својот 29 и 30 поен, задржувајќи го перфектниот скор од линијата за слободни фрлања, 10 од 10.
Klay turning around in the tunnel and coming back out to shoot free throws had Oracle going nuts. pic.twitter.com/T111U9aH8e
— SportsCenter (@SportsCenter) June 14, 2019
Томсон се обиде се обиде да продолжи со натпреварот и по слободните фрлања. Неколкупати ги одби инструкциите на стручниот штаб да излезе од игра, што конечно се случи, па Томсон ја проследи последната четвртина движејќи се на патерици.
Klay Thompson is seen walking by the Warriors locker room on crutches. pic.twitter.com/U8IoHkvvJI
— SportsCenter (@SportsCenter) June 14, 2019
Тоа беше крајот на херосјките обиди на Клеј Томсон и покрај повредата да остане во игра и да се обиде да му пружи шанса на својот тим да дојде до победа. Обиди што поради повредата останаа без награда.
Comments are closed for this post.