Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски вели дека тој и неговата партија се подготвени да и помогнат на Владата за добивање на датум во октомври. Предвремени избори или пак реконструкција на Владата – што и да ветил Заев, опозицијата не верува во неговиот збор. Затоа како што потенцира Мицкоски се подготвени да направат политичка жртва во интерес на државата и граѓаните.
„Јас пред неколку дена кажав дека ќе им предложам на Извршниот комитет и на Централниот комитет ВМРО-ДПМНЕ заедно со Владата да работи за во октомври Македонија да добие датум за преговори. Потребна е работа и потребно е да сработиме. Видовме не ве бива, дајте заеднички да седнеме со сиот потенцијал, не само ние, сите политички партии да ги повикаме и да седнеме да сработиме до октомври. Ако не сработиме нема да имаме датум. Сам по себе нема да дојде. Ние сме подготвени за политичка жртва. Го тргаме партискиот интерес на страна, за повисока цел“, рече Мицкоски во отвореното студио на Алфа.
Мицкоски вели дека скоро не се сретнале со премиерот Зоран Заев. Последно се сретнале пред кампањата за Законот за СЈО.
„И тогаш го предупредив. До мене стигаат вакви и вакви информации. Поработете на случајот. Ми рече не се грижи, се ќе биде како што треба. Ама еве видовме дека не е баш така“, кажа Мицкоски.
Премиерот Зоран Заев првично не ја прифати подадената рака од лидерот на опозицијата со образложение дека Извештајот од ЕК е завршен и нема што да се помага и оти земјата добила кристално чиста препорака. Од друга страна Мицкоски вели дека требаат реформи, а народот не смее да биде казнет заради како што истакнаа оваа корумпирана влада.
Comments are closed for this post.