Се уште нема осомничени за убиството на 30-годишната телевизиска новинарка Викторија Маринова, јавуваат бугарските медиуми.
Маринова беше свирепо убиена, откако била силувана, во саботата попладнето во градот Русе. Нејзиното тело беше откриено во непосредна близина на кејот на Дунав каде дента змианала на џогирање, подготвувајќи се за традиционалниот маратон, што се одржувал во градот. Таа е мајка на 7-годишно девојче.
Бугарскиот премиер Бојко Борисов изјави дека прашање на време е кога ќе биде расветлено убиството.
Од начинот на убиството и од големиот собран ДНК материјал, прашање на време е кога ќе биде откриен извршителот, изјави Борисов.
Според полициски и извори од локалното обвинителство, извршени се повеќе претреси и распити. Утврдено е движењето на новинарката од утрото во саботата до моментот на пронаоѓање на нејзиното тело.
Утврдивме каде се движела и како била облечена. Со сигурност знаеме дека во моментот кога е откриено телото, недостасуваат нејзиниот мобилен телефон, клучот од автомобилот, очилата на настраданата и дел од нејзината облека, објасни окружмиот обвинител Георги Георгиев.
Допрва ќе се истражува дали Викторија станала случајна жртва или била следена.
Убиството на бугарската новинарка доби и широк меѓународен одѕив. Би-Би-Си бележи дека Викторија Маринова е трет познат новинар убиен во држава на ЕУ од почетокот на годинава. Весникот „Гардијан„ пишува дека убиената истражувала корупциски шеми поврзани со еврофондовите.
Шокиран сум од бруталното убиство на истражувачката новинарка Викторија Маринова. Повикувам на целосно и успешно расфетлување на случајот, изјави Арлем Дезир, претставник на ОБСЕ за слобода на медиумите.
Comments are closed for this post.