Словенечкиот писател Жарко Петан во својата книга „Чудесниот живот на Јосип Броз Тито“, пишува дека Маршалот пред да почине барал да му донесе свештеник во болницата во Љубљана за да се исповеда.

Ова не би било ништо чудно ако не се знае дека тој се изјаснувал дека е атеист.

 

Таа задача црквата му ја доделила на свештеникот Франческо Крижнику кој бил противник на атеизмот. Тој заминал за Љубљана но отпрвин телохранителите на Тито не го пуштиле да влезе во собата. Подоцна сепак свештеникот влегол и долго разговарал со Маршалот. По неколку месеци свештеникот загинал под неразјаснети околности во сообраќајна несреќа кај Дизелдорф. Очигледно е дека таа средба тогашната КОС сакала да ја заташка, раскажува писателот.