Собранието денеска треба да расправа за пратеничкиот мандат на поранешниот премиер Никола Груевски. До последен момент нема да се знае што точно ќе се случува бидејќи спикерот Џафери за утрово закажа координација со партиите.
Во игра се две варијанти, констатирање на оставката што Груевски веќе ја достави до Собранието или пак расправа на пленарна седница по мислењето на мандатно-имунитетната комисија.
Претениците од ВМРО-ДПМНЕ сметаат дека Собранието треба само да ја контатира оставката на Груевски како што беше случај досега.
Власта пак бара расправа и одземање на неговиот мандат поради тоа што не се појавил во Собрранието повеќе од шест месеци. Но, за тоа да се случи потребни се 80 пратеници, бројка што е прашање дали владејачкото мнозинство во моментов ја поседува.
Comments are closed for this post.