Во Скопје се промовираат, во Германија им се даде зелено светло по многу анализи, а во Париз тие се пред тотална забрана – станува збор за се популарното градско превозно средство – тротинетот. Германски „Билд“ во обемен текст предупредува – „погледајте во Париз и внимавајте што ни доаѓа – хаос“.
Германците, сепак, се подготвувале за тротинет-инвазијата, па донеле законски ограничувања, како на пример брзината да биде само до 20 километри на час и само на велосипедска патека. Мора да се има дозвола и на тротинет ќе можат само постари од 14 години и секој што сака да ужива на тоа електрично превозно средство ќе мора да има и осигурување.
Што се случува во Париз? Градот има на располагање за рентање околу 15.000 тротинети кои се набавуваат преку мобилна апликација, а популарни се и тротинетите за двојки. Низ Париз можат мда се видат на едно место стотици тротинети како летаат по улиците и тротоарите, а потоа едноставно ги оставаат каде стигнат. Ако во холнадските градови ќе видите илјадници велосипеди оставени така по улиците, во Париз тоа е случај со тротинетите.
Хаосот е стигнат до таму што портпаролот на градоначалникот на Париз изјави:„…ова достигна форма на анархија“..
Иако тротинетите беа воведени пред една година, градоначалничката Ани Идалго донесе радикални ограничувања, а едно од нив е забрана за возење во сите паркови и градини. За погрешно паркирање казните се 35 евра, додека има и казни од 135 евра за други прекршоци.
Брзината е ограничена на 20 километри на час, но во пешачки зони таа е лимитирана на само 8 километри, односно колку побрзо одење пеш. Сега е во процедура донесување нов закон, па ако се фати некој на тротинет кој вози над 25 км. На час казната ќе биде 1.500 евра!
Ситуацијата е алармантна и градските власти реагираат навремено, зашто се очекува наскоро бројот на тротинети за рентање да достигне 40.000.
Освен оваа, како што ја нарекуваат „војна на улиците на Париз“, зашто градот е еден од најгустите со сообраќај, проблем е и со рециклирањето на тротинетите зашто секој од нив има работен век од нешто повеќе од еден месец.
Париз е свесен за еколошките придобивки од електричните превозни средства, но е соочен и со новопредизвиканите проблеми. Пораката е дека ако нешто н се смени во културата на возење тие ќе бидат забранети. Како што направија Мадрид и Сан Франциско, каде привремено ги отстранија од улиците, а на Менхетен се комплетно забранети.
Comments are closed for this post.