Грчки министер за финансии, Јанис Варуфакис излезе со критики за премиерот Алексис Ципрас со кого беа соработници и пријатели.
Тиквата пукна откако Варуфакис побара грчките власти да не ги прифаќаат строгите мерки за штедење што ги побара ММФ и ЕУ.
Варуфакис се разочара што Ципрас одлучи да не го почитува гласот на грчкиот народ на референдумот кој ги отфрли мерките за штедење. Тој е јасен дека веќе никогаш нема да соработува со Ципрас.
Ципрас се лаже себеси.Тој е како лош глумец кој излегува на сцена и целосно се внесува во улогата и како да ја одглуми лагата и свесен е дека би можел да ја одглуми убедливо иако тоа што го говори не е вистина-вели поранешниот министер.
Comments are closed for this post.