Лајла Мос, 16-годишната ќерка на супермоделот Кејт Мос, веќе со своето прво појавување во светот на модата покажа дека во скоро време може да ја надмине славата на својата мајка, која универзално важи за една од најубавите жени на светот.

Иако е дете од славно семејство, Лајла досега живееше надвор од вниманието на папараците и камерите, но откако потпиша договор за својата прва модна кампања предизвика огромен интерес во модните кругови. Првиот чекор на патот кон славата, Лајла го прави како заштитно лице на „бјути“ кампањата на Марк Џејкобс, кој е фамилијарен пријател на Кејт и ја познава Лајла од нејзини шест години.

Кога имаше само шест години, Лајла имаше силен карактер, а убавината и доброто однесување веќе беа очигледни. Беше надреално во студиото да бидат Кејт и Лајла затоа што тоа ми ги врати спомените на првиот пат кога ја запознав Кејт, кога имаше само 18 години – изјави дизајнерот за текот на снимањето на кампањата.

Ставот на Џејкобс за убавината и харизмата на Лајла, го делат и нејзините фанови на Инстаграм, коишто девојката веќе ги има повеќе од 13 илјади, иако на социјалната мрежа има само три објави.

 

View this post on Instagram

 

Such a brilliant shoot with @anothermagazine thank you so much to @davidsimsofficial @katy_england @duffy_duffy @lucia_pieroni

A post shared by Lila Moss (@lilamoss) on