Серијата „Чернобил“ ги извади вистински херои кои први отишле да се справат со последиците од трагедијата. Еден од нив пожарникарот Василиј Игнатенко. Тој бил на смена и го гасел пожарот во близина на реакторот. Тој дома имал трудна сопруга која го посетувала во болница без разлика од последиците.
Василиј умира во најголеми маки две недели по несреќата. Неговата сопруга Људмила раскажува дека тој ги плукал сопствените органи. Поради високото ниво на радијација во неговото тело морало да биде закопан во лимен ковчег и наместо во земја го ставиле во бетон. Имал само 25 години.
За трагедијата да биде поголема Људмила по неколку недели родила девојче коешто умрело по неколку денови.
Инаку, Људмила се уште е жива, живее во Киев и има син.
Comments are closed for this post.