Руската телевизиска мрежа „НТВ“ најави дека ќе снима своја верзија на серијата „Чернобил“ која ќе се заснова на претпоставката дека ЦИА испратила агент во Чернобил за да изврши саботажа, пренесува „Москва тајмс“.
Како што пишува „Москва тајмс“, руските медиуми кои се тесно поврзани со Владимир Путин ја критикуваа серијата „Чернобил“ која во Русија стана национална сензација, иако е достапна само на интернет.
Конкуренцијата со оваа серија сакаат да ја извалкаат сликата за Русија како нуклеарна сила“, пишува „Комсомолскаја Правда“, „Аргументи“ и „Факти“ весници кои во Русија главно ги читаат повозрасни лица, и пишуваат дека серијата не ги претставува настаните веродостојно и дека ја карикира вистината.
Водителот на телевизискиот канал „Русија 24“ Станислав Натанзон рече дека на серијата и фалат уште само мечки и хармоники, обвинувајќи ги авторите дека лажеле оти руските власти не сакале да ја признаат грешката, наведувајќи една статија од 1987 година во која Валериј Легасов го критикува управувањето со нукларната индустрија. Во својата емисија водителот на „Русија 24“ тврди дека серијата на „HBO“ е погрешна бидејќи сугерира дека тогашните советски власти се плашеле да ја признаат грешките и таа недоумица довела до страшни последици. Точно е дека Легасов напиша таква статија за КП во 1987 година, но на уредниците не им се допадна и тие одбиле да го објават. Водителот не кажува дека уредниците на КП не сакале да ја објават статијата што ја напишач Легасов, туку таа е објавена две недели откако авторот се самоубил.
Најчитаниот руски весник Комсомољскаја правда исто така изрази сомнеж дека конкурентите на руската државна нуклеарна компанија Росатом низ оваа серија се обидуваа да го оцрнат имиџот на земјата како нуклеарна сила.
Колку и да звучи тоа чудно, акцијата на чистење по несреќата во Чернобил беше подеднакво важна за Европа како и победата на Сојузници во Втората светска војна… Но, Русија никогаш нема да ги слави настаните во Чернобил како празник – а ако лидерите не можат да го претворат во потфат на национална гордост и големина, тогаш е подобро да се заборави дека воопшто се случил. Сепак, ќе се обидат да стават сосема поинаков спин на овие настани“, заклучува Шепелин.
НТВ е инаку позната по своето прорежимско известување. Сопственикот на оваа телевизија е Газпром медија, медиумското крило на гасниот гигант Газпром кој е мнозинска сопственост на државата. Серијата делумно ќе ја финансира и руското министерство за култура, и тоа со 30 милиони рубљи, односно 460 илјади долари.
Comments are closed for this post.