Европската перспективана Република Македонија е загрозена од клиентелизмот и криминалот на Зоран Заев и луѓето околу него. Криминалот царува на улиците, земјоделието е уништено, квалитетното образованието е опаднат, со милионски тендери се полнат џебовите на функционерите на власта. Буквално земјата тоне, обвинува ВМРО-ДПМНЕ во денешното соопштение.
Според партијата со актуелната власт наместо реформи имаме криминал и корупција.
„Единственото ветување на кое се држеше Заев – влез во ЕУ, полека бледнее. Европската перспектива на државата е загрозена, ја уништи криминалот и корупцијата кои царуваат насекаде. Во ЕУ не се оди со криминал, во ЕУ се оди со реформи, кои Заев не ги испорача“, велат од опозициската партија.
Од таму додаваат:
„Зоран Заев, политичарот кој е највиновен за лошата ситуација во која се наоѓа Македонија сега и се заканува на Европа. Фрустрациите на еден мал политичар почнуваат да ја чинат земјата премногу“ и порачуваат дека Заев мора да си замине, а промените за Македонија дека ќе ги донесе ВМРО-ДПМНЕ.
Comments are closed for this post.