Јапонскиот тенисер Кеи Нишикори по подолго време повторно ќе игра полуфинале на еден Грен слем турнир. Тенисерот излезе како победник против Марин Чилиќ од Хрватска со 3-2 во сетови (2-6, 6-4, 7-6/5, 4-6, 6-4) и влезе меѓу четворицата најдобри на УС Опен.
По четири часа и 12 минути добиен е третиот полуфиналист на УС Опен, потенцијалниот ривал на Новак Ѓоковиќ во борбата за финале. Секако, за да игра со Србинот, потребно е Новак доцна вечерва во последниот полуфинален меч на овогодишниот турнир да го победи најголемото изненадување на турнирот, Австралијанецот Џон Милман.
Првиот полуфинален пар го сочинуваат Надал и Дел Потро. Финалето се игра во ноќта меѓу недела и понеделник.
Comments are closed for this post.