Веста дека германската канцеларка Ангела Меркел се спротиставила на давање датум за преговори летово според премиерот Зоран Заев е стара.
Да бидеме внимателни како се поставуваме, да ги имаме во предвид стратешките цели. Верувам дека јуни, јули е достижен. Сакам да верувам дека Европа ќе испорача. Не можам да гарантирам дека парламентарното мнозинство ќе остане стабилно ако Европа не испорача. Ако некој некогаш заслужил интеграција во ЕУ тоа е Република Северна Македонија. Разговаравме со пратениците од парламентарното мнозинство и самите се свесни дека тоа нема да биде одржливо ако не добиеме датум. Следната недела одам на средба со канцеларката Ангела Меркел, која беше тука и за референдумот да ни даде поддршка, и таа не е против“, рече Заев.
Дали постои можност Македонија да биде оставена да ја чека Албанија за датум за преговори, премиерот со став:
Албанија е наш голем пријател убаво е да одевме заедно, да си помагаме. Верувам дека ќе се донесе одлука и за двете земји, но ниту една земја не смее да биде закочена поради екстерни околности кои не зависат од самата земја. Правилата на ЕУ се јасни, ако земјата испорача треба и Европа да испорача. Мерит систем постои за секоја земја. Не сме позаслужни никогаш повеќе од сега. 15 години нашата земја чека“, кажа Заев.
Comments are closed for this post.