Кипар е на прво место во Европската унија со најмногу места за капење со одличен квалитет на водата. Ова го покажува штотуку објавениот извештај на Европската комисија и Европската агенција за животна средина, што дава добра слика за тоа каде летово може да се најде најдобра вода за капење.
Според извештајот, 99,1% од зоните за капење на островот се со „одлична“ оценка Ова е подобрување на резултатот од претходната година кога Кипар беше на третото место во ЕУ со 97,3% од зоните со прекрасна вода.
Четири европски држави-Кипар, Малта, Австрија и Грција се топ-дестинациите во кои над 95% од местата за капење добиле највисока оценка.
Бугарија е претпоследна во рангирањето. „Одличен“ квалитет на водата е регистриран во 52,6% од зоните за капење, но претставува значителен раст, зашто претходната година овој број изнесувал 44,2%. На последно место е Полска со 28%.
Европската агенција за животна средина и локалните власти секоја година собираат во текот на сезоната податоци за квалитетот на водата во официјално одредените места за капење во 28-те држави членки, како и во Швајцарија и Албанија. Повеќе од две третини од објектите се крајбрежни плажи, а останатите се на реки и езера. Се зимаат примероци за присуство на два вида бактерии, кои покажуваат загадување од отпадни води или влијание врз животот во водата. Во зависност од утврденото ниво квалитетот на водата се класифицира како „одлично„, „добро“, „доволно“ или „лошо“.
Comments are closed for this post.