Пратеникот во оставка Павле Богоевски за Пресинг Тв изјави дека очекува на првата наредна седница Собранието да расправа за одземање на мандатот на Никола Греувски.
Дури и доколку Собранието најде начин да расправа по оставката на Никола Груевски која не е лично поднесена (за што постои дилема дали е согласно Деловникот, а лично мислам дека не е) се уште постои обврската Собранието да расправа по Предлогот за одземање на мандатот на Никола Груевски веќе на следната пленарна седница. Односно во секој случај ќе треба да има гласање на наредната седница (за Предлогот за одземање на мандатот или за оставката).
По гласањето за Груевски, јас ќе ја доставам мојата одлука за заминување до собраниските служби. Таа станува правосилна кога претседателот на Собранието ќе ја констатира на наредната пленарна седница.
Comments are closed for this post.