Специјалната јавна обвинителка, Катица Јанева вели дека има позитивни сигнали за преговорите за законот и испрати порака до пратеникот Антонио Милошоски кој е дел од преговарачкиот тим.

Вели дека тој како осомничено лице не може да дава квалификации за нејзината личност и работа.

Многу се занесува во своите изјави“, истакна Јанева.

Пратеникот Антонио Милошоски експресно и одоговори на специјалната обвинтелка Катица Јанева откако таа за него рече дека многу се занесува.

Мојот скромен коментар би бил, со толку висока плата ќе беше полезно и за неа и за јавноста да прочита некоја добра книга за да го збогати својот вокабулар, ако веќе е касно да се поправи нискиот просек од правниот факултет!“, напиша Милошоски на социјалните мрежи.