Американскиот претседател Доналд Трамп изјави денеска во Лондон дека британската премиерка Тереза Меј треба да „остане“ на функцијата за САД и Велика Британија да можат да склопат трговски договор.

Тие двајца ќе се сретнат денеска во Лондон, само неколку дена пред Меј в петок да се повлече од функцијата лидер на владејачката Конзервативна партија, што значи и заминување од премиерското место.

Главен приоритет на двајцата лидери е договор за билатерална трговија, кој би стапил во сила кога Велика Британија ќе излезе од ЕУ.