Тренерот на Вардар, Роберто Гарсија Парондо во својата прва сезона успеа да стигне до насловот европски шампион. Шпанецот во текот на целата сезона беше скромен и не сакаше да создава еуфорија ниту по победите над фаворитите.
„Конечно можеме да кажеме дека сезоната заврши. Завршуваме со трофеј. Многу сме среќни. Никогаш не размислував за ваков епилог. Одевме натпревар по натпревар, чекор по чекор за на крајот да стигнеме на врвот. За тоа колку е голем и вреден овој успех, говори фактот дека на крајот завршивме пред големи имиња како Веспрем, Барселона, ПСЖ, Пик Сегед, Киелце, ПСЖ…“ изјави Парондо.
Comments are closed for this post.