На средбата со генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, премиерот Зоран Заев, истакна дека поканата за членство во Алијанста донела голем број бенефити за државава.
Заев ја потенцира заслугата што државата ја има за да ја добие таа покана и додаде дека треба уште доста да се направи.
Со поканата на НАТО се намали процентот на невработеност, се зголемија странски инвестиции и БДП. Со решавањето на споровите покажавме дека добрососедските односи ни се многу важни. Свесни сме дека со влегувањето во НАТО носи и обврски и дека постепено ќе го зголемуваме буџетот за одбраната. – изјави Заев.
Comments are closed for this post.