Сигурно се сеќавате на голманот на Ливерпул Лорис Каријус кој лани ова време стана најомразрната личност во Ливерпул. Тој во финалето на Лигата на шампионите со неколку киксови му го подари пехарот на Реал Мадрид.
Веднаш беше испратен во Турција на позајмица во Бешикташ. Бидејќи формално се уште е член на Ливерпул клубот му испрати покана да дојде во Мадрид и да го бодри. Стигна експресен одговор од него дека не му паѓа на памет да оди за да не биде малер.
Наместо фудбал Лорис имаше попаметна работа и замина на одмор на Миконос со девојката Софија.
Comments are closed for this post.