Ракометарите на Вардар и Веспрем во 18 часот го играат финалето од Фајнл Форот од Лигата на шампионите. Станува збор за екипи кои добро се познаваат и кои немаат што да скријат.

Играчите многупати играле меѓу себе, како во Лигата на шампионите така и во СЕХА лигата. Иста е сосотојбата и на клупата, Дејвис и Пародно му беа помошници на големиот Раул Гонзалес.

Ракометот во Унгарија е спорт број 1, исто како и во Македонија и затоа навивачите со нетпрпение го очекуваат дуелот. Веспрем ја посакува првата титула, Вардар повторување на успехот од 2017 година.

Веспрем е во предност поради подолгата клупа, тука е и нашиот Манасков, а и според обложувалниците Унгарците се фаворити. Да се надеваме дека погрешат со проценките исто каков пред дуелот со големата Барса.