Министерот за одбрана на Србија Александар Вулин, му порача на претседателот на Македонија, Стево Пендаровски, дека доколку смета дека идејата за разграничување е грозна и недостојна за 21 век, како што изјави пред неколку денови, тогаш би можел да го повлече признавањето на Косово или да ја осуди агресијата на НАТО врз СРЈ што доведе до етничко чистење на Србите на Косово.
Не е дека Пендаровски не видел дека на мапата на „Голема Албанија“ се наоѓа половина „Северна Македоија“. Ако не ја видел таа мапа нека му ја покаже претседателот на Собранието Џафери тој често пред камерите ја покажува. Ако молчи за Голема Албанија нека молчи и за Србија му порача Вулин. Пренене „Србијданас“.
Во врска со идејата за размена на територии и корекција на границите меѓу Косово и на Србија, претседателот Пендаровски во петокот кажа дека не може да замисли нешто пострашно да се случи ако некој стварно мисли сериозно да влезе во еден таков проект.
Според него, станува збор за анахрона идеја која не припаѓа на 21 век. Во денешниот модерен свет, рече, ние мораме со дијалог и со компромис да ги решаваме сите проблеми.
Најлесната работа која може да ја направите е да ја исчистите територијата од поинаквите, различните од вас или мене и да владеете така со тие територии, нагласи претседателот на државата.
Смета дека убавината и богатството на нашата држава и на сите околни држави, кои се исто мултиетнички, е токму во разновидноста.
Час поскоро треба да се престане со лицитирање на таа тема. Зборувам за политичарите кои се на власт во државите околу нас, па дури и кај нас ако сакате. Тоа може да биде работа на експерти на новинари, но не на одговорни политичари, бидејќи е неодговорно да се разговара за една во суштина грозна идеја за размена на луѓе и територии во 21 век. Последен пат таква работа се случуваша, со поддршка на големите сили 1923 година. Турција и Грција и ден денес влечат последици од таа размена на луѓе и територии, рече меѓу другото претседателот Стево Пендаровски.
Comments are closed for this post.