Најмалку 12 лица загинале, а четворица се ранети откако незадоволен работник во градската комунална служба пукал во зградата на општината во Вирџинија Бич. При нападот, полицијата го убила напаѓачот.
Полицијата соопшти дека напаѓачот бил вооружен со пиштол со пригушувач и дека неколку пати ја надополнувал муницијата за време на пукањето.
Првата жртва е погодена во возило пред зградата, по што напаѓачот влегол во зградата и веднаш и неселективно почнал да пука кон сите.
Напаѓачот долго време разменуваше оган со четворица полицајци во зградата, кои го спречија да направи поголем масакр – се наведува во соопштението од полицијата.
Во текот на интервенцијата еден полицаец бил погоден, но панцирот му го спасил животот.
Police lockdown after 12 killed in #VirginiaBeachShooting pic.twitter.com/NjUZjn9fGr
— Ruptly (@Ruptly) June 1, 2019
Comments are closed for this post.